logo

Ја цениме вашата приватност.

Почитувани корисници, Нашата веб-страница користи колачиња со цел да ви овозможи најдобро можно корисничко искуство. Колачињата се мали текстуални датотеки што се зачувуваат на вашиот уред при посета на страницата и ни овозможуваат да го анализираме сообраќајот, да го прилагодиме содржајот и да обезбедиме основни функционалности на страницата.

Повеќе информации
    Доживотна гаранција на корозија
    Logo

    ЗИА кариера

    ZIA е модерна компанија која се одликува со флексибилност, професионализам и динамична стратегија на развој. Од самото основање се позиционираше на пазарот како препознатлив бренд. Брзиот одговор на барањата на пазарот и професионалниот однос со потрошувачите ја дефинираше ZIA како компанија од доверба која активно се шири на пазарот.

    Со цел да ја задржиме лидерската позиција во малопродажбата и да останеме инспирирани и активно поврзани со своите потрошувачи и клиенти низ единственото искуство на пазарење нудиме исклучителни услови за вработување на проактивни продажни асистенти.

    Доколку си заинтересирана за работа во пријатна работна средина, со одлични услови, можност за многу поволни бонуси и попусти за вработените, доколку имаш работно искуство во трговија и сметаш дека ќе се вклопиш во нашата приказна, те охрабруваме да аплицираш.

    Одговорностите на еден продажен асистен во ЗИА се:

    • Прием и изложување на производи
    • Одржување на просторот
    • Тимска работа со останатите вработени
    • Директна продажба и работа со систем и фискална каса
    • Пријатен и услужлив однос спрема клиентите како би овозможиле тие да имаат висококвалитетно искуство при купување во нашите продажни места.

    Квалификации кои ние ги бараме:

    • Одлични комуникациски способности
    • Флексибилност за работа за време на празници и недели (ова важи за продавниците во Skopje City Mall, Capitol Mall и East Gate Mall) и работа во смени.
    • Основно познавање на компјутерски системи
    • Предходно искуство во директна продажба ќе се смета за предност
    • Предходно искуство со фискална каса ќе се смета за предност

    Услови:

    • Почетна плата за продажба 30.000 денари нето
    • Работа во недели и празници се доплаќаат плус на основицата
    • Бонуси во зависност од остварениот промет по локација
    • Попусти при пазарење во нашите продавници
    • Можност за полно и скратено работно време

    Скратеното работно време може да биде во два модули, или 4 дена по 6 часа – 24 часа неделно (по моловите), или секој ден по 3 – часа, и Сабота од 10-18 часот, Недела и празници слободни (Г.Т.Ц и Лептокарија). (24 часа).

    Платата за скратено работно време изнесува: 16.000 денари нето, (за работа во моловите се доплаќа плус работа во недели и празници).

    Кога ќе го испраќате вашето CV би било од помош доколку ни напишете дали имате конкретна локација/локации за кои аплицирате. Доколку не ви менува локацијата назначете СИТЕ ЛОКАЦИИ.

    Сите заинтересирани да ги пратат своите апликации/CV на следниот маил:vrabotuvame@zia.mk

    Само оние кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат исконтактирани.