logo

    -15% акциска продажба

    Доживотна гаранција на корозија
    Logo

    Политика за заштита на лични податоци

    Оваа политика има за цел да ве информира во врска со грижата и справувањето со вашите лични податоци, доколку изберете да ги оставите на овој сајтот на zia.mk. Веб страната zia.mk можете да ја посетите без внесување на било каква лични информации за себе. Ел Дорадо Доо како сопственик на веб страницата zia.mk се грижи за вашата приватност согласно со Зaконот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 42/20 и 294/21) (во натамошниот текст: „Закон“). Во овој закон се наведени сите информации и правила кои zia.mk ги почитува за заштита на личните податоци на своите корисници.

    Што е личен податок?

    Личен податок е секоја информација која што се однесува на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, податоци од финансиска природа како кредитна картичка за купување на одредени производи, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.

    Добивање на вашите лични податоци

    Веб страната zia.mk можете да ја посетите без внесување на било каква лични информации за себе.

    Во случај на интерес од ваша страна за информирање или користење на услугите кои ги нуди zia.mk можеме да побараме одредени информации од вас со цел овозможување на потребната услуга.

    Податоци кои се прибираат при креирање на нарачка:

    Податоци за идентификација: име, презиме, телефонски број, е-пошта, адреса за достава.

    Податоци за корисничкиот профил (доколку имате креирано таков): корисничко име и лозинка, направени нарачки, податоци за нарачката, преференци.

    Користење на вашите лични податоци

    Вашите лични податоци ги користиме за услугите кои ги избирите, а тоа значи при купување на производите или електронско информирање за најновите понуди (доколку самите ја оставите својата меил адреса).

    Тие не се користат за целите на директен маркетинг (понуди преку вибер, меил или телефонски број).

    ЗИА Клуб Програмата е посебен и одделен процес на прибирање на вашите податоци, кои се одвива во физичките продавници каде вие пополнувате апликација на која ставате ваш потпис и со тоа одобрување дека се согласувате тие податоци кои се напишани и наведени во апликацијата да се користат од страна на Ел Дорадо 05 ДОО за директен маректинг.

    Ние не тргуваме со вашите лични податоци, и во нив имаат увид единствено лица кои се задолжени за справување со тие податоци а служат единствено за целите на директен маркетинг на Ел Дорадо 05 ДОО – ЗИА.

    Основ за обработка на лични податоци

    Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ за обработката на Вашите лични податоци може да биде:

    • Вашата согласност – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга, како на пример директен маркетинг,
    • Исполнување на договор – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци за реализација на нарачка и плаќање за добивање на производ и услуга на сајтот на zia.mk.
    • Наши логистички или статистички потреби и почитување на законски обврски, како на пример зачување на вашите лични податоци кои сте ги оставиле комплетирајќи нарачка за сметководтвени и финансиски цели

    Обврска за заштита на вашите лични податоци

    Ел Дорадо 05 ДОО (zia.mk) се обрзува да обезбеди сигурност и заштита на вашите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци.

    За нас е најважно вашите лични податоци да бидат обработени со целосната грижа и според следниве начела:

    • личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци (законитост, правичност и транспарентност),
    • личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели (ограничување на целите),
    • личните податоци се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат (минимален обем на податоци).
    • личните податоци се точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги во предвид целите заради кои биле обработени (точност),
    • личните податоци се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци (органичување на рокот на чување),
    • личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организаицски мерки (интегритет и доверливост),
    • контролорот во секое време може да демонстрира сооветна усогласеност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци (отчетност).

    Кој може да ги има вашите податоци?

    Вашите податоци се користат ИСКЛУЧИВО за потребите на Ел Дорадо 05 ДОО, и ние не тргуваме ниту ги продаваме вашите лични податоци.

    Вашите лични податоци се користени in house зависно од потребата.

    Се користат од лицата кои ги пакуваат вашите нарачки и се користат од лицата кои ги подготвуваат и испраќаат пораките во цели за директен маркетинг.

    Останати трети страни кои ги користат тие податоци, а во согласност со Законот и заради неопходна потреба за спроведување на соодветни задачи се:

    • Трети страни кои треба да Ви достават производ на пр. услуги за достава
    • Трети страни кои ни помагаат во обезбедување на ИТ услуги, како што се даватели на платформи, услуги за хостирање, одржување и поддршка на нашите бази на податоци, како и на нашиот софтвер и апликации
    • Давателите на платежни услуги како банки и платежни финансиски институции кои извршуваат услуги за нас, поврзани со реализација на нарачката и плаќањето
    • Независни трети страни, електрокомуникациски оператори, компании за поштенски услуги, маркетинг партнери како и надлежни институции кои имаат законски овластувања кои може да ги користат личните податоци за свои цели.

    Колку време ги чуваме вашите лични податоци?

    Колку ќе ги чуваме вашите лични податоци зависи од причината и потребата. Односно колку што е потребно за извршување на побараната услуга заради која сте ги оставиле вашите лични податоци или пак заради пропишаните законски обврски.

    Имено, ги чуваме вашите податоци најчесто:

    • Кога сте се согласиле на директен маркетинг од наша страна, па ние ги чуваме Вашите лични податоци се додека Вие не побарате да ги избришеме Вашите лични податоци или се додека не ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг комуникација.
    • Кога колачињата се поставуваат на Вашиот компјутер, тие се чуваат онолку долго колку што е потребно за да ги постигнат своите цели (на пример, за времетраење на сесија за колачиња за кошничка или колачиња за идентификација на сесија)

    Повлекување на согласноста за оддавање на вашите лични податоци за директен маркетинг, односно ЗИА Клуб, можете да го побарате на следниот меил info@zia.mk.

    Права на субјектите на личните податоци

    Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:

    • Право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци
    • Право на пристап до личните податоци и нивна копија
    • Право на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се обработуваат на незаконски начин и целта на нивната обработка е исполнета
    • Право на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната точност за времето кое е потребно да ја провериме нивната точност, обработката е незаконска, но се спротивставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната употреба, нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни за остварување на  Ваши правни барања, се спротивставувате на нивната обработка врз основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат над Вашите интереси како субјект на лични податоци
    • Право на приговор за обработката на личните податоци кога тие се обработуваат врз основа на наш легитимен интерес. Во секое време имате право на приговор за обработката за директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг
    • Право на преносливост на податоците, односно да ги добиете Вашите лични податоци во структуиран машински читлив формат или да бидат пренесени на друга компанија, а  кои се обезбедени на автоматизиран начин, врз основа на договор или Ваша согласност.

     Заштита на информациите од вашата платежна картичка

    Информациите кои ги внесувате при плаќање на одреден производ или услуга преку платежна картичка не се зачувуваат во дата базата на zia.mk. Овие трансакции се процесираат преку платежниот систем за процесирње на Халк Банка која е сертифицирана од Visa и MasterCard за процесирање на трансакции.

    Кога извршувате плаќање и ги внесувате своите податоци, тие поминуваат преки HTTPS безбедосниот протокол на банката пеку користење на на Secure Socket Layer (SSL) технологијата. Единствените информации кои се видливи за нас се информациите за наплата, како на пример, пристап до видот на платежната картичка, датум и време на трансакцијата, износ на трансакцијата, ограничен дел од бројот на картичката (на начин што е генерално дозволен од издавачите на платежни картички), податоци за нарачката, идентификациски број на нарачката.

    Овие податоци исто така ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни (ХАЛК БАНКА), во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.

    Во случај на поврат на парични средства, Ел Дорадо 05 ДОО, ќе го побара бројот од твојата трансакциска сметка за да може да ја изврши трансакцијата, односно повратот на средства.

    Доколку имате прашања во врска со точките што се опфатени со оваа Политика, слободно можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, Методиј Ристоманов на следниот email: metodij.r@zia.mk или на телефонскиот број 077864186.

    Право на приговор

    Доколку сметате дека вашите права се повредени вие можете да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци доколку сметате дека Ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://azlp.mk/.

     ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР НА ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ

    Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје ги собира од вас при посета на службените / деловните простории, и како ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ како Контролор ги користи овие податоци.

    Изјавата за приватност при вршење на видео надзор е составен дел од Политиката на приватност на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ.

    Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?

    Целите за кои е поставен видеонадзорот може да го вклучуваат следното:

    • Контрола на пристап до и обезбедување на безбедност на деловните простории и имотот, безбедноста на вработените и посетителите, како и информациите кои се чуваат во ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје,
    • Спречување, одвратување и, доколку е потребно, испитување на неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни зони и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации, и
    • Спречување, откривање и испитување кражба или слично штетно дејствие врз имотот и средствата во сопственост на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје, посетителите или вработените, при закани по безбедноста на персоналот при работа (на пример: при пожар, физички напад и сл.), како и проверка и испитување на ситуации при спорни трансакции.

    Системот на видеонадзор не се користи за други цели.

    Видео камерите се поставени прецизно да го покриваат релевантиот простор кој се мониторира. Камерите имаат за цел да дадат преглед на она што се случува на одредени места, но не и да препознаваат лица (во смисол на автоматско препознавање на идентитет на физичко лице врз основа на видео снимката).

    Камерите за видеонадзорот се инсталираат на определени локации и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат кон службените простории (објекти) вклучително и имотот на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје.

    Системот за видеонадзор ги опфаќа продажните објекти на контролорот, кои ја опфаќаат продажнната стока, изложбените и продажните пултови, како и ИТ и сметководствената опрема на сите продажни места на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје.

    Начинот на вршење на видео надзорот е подетално регулиран со интерен акт на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје – Правилникот за начинот на вршење на видео надзор на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје. Овој Правилник е изработен врз основа на Законот за заштита на личните податоци и релевантните подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон.

    Какви податоци собира Контролорот?

    ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ собира само слика од камерите, при што не се врши тонско снимање.

    Какви податоци собира Контролорот?

    ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ собира само слика од камерите, при што не се врши тонско снимање.

    Кој е одговорен за обработка на податоците?

    ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ е контролор кој ја врши обработката на лични податоци и кој ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

    Методиј Ристоманов е Офицер за заштита на лични податоци и лице за контакт за прашања поврзани со заштитата на личните податоци и видеонадзорот, на e-mail: ozlp@zia.mk, или на тел. 075/467-761

    Кој е правниот основ за обработката на личните податоци преку системот за видеонадзор?

    Согласно Законот за заштита на лични податоци, ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје собира лични податоци преку системот за видео-надзор (видео снимки) за:

    • Заштита на сопственоста и просториите на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје,
    • Обезбедување на контрола на влез и излез од службените простории само за безбедносни цели.

    Следствено, обработката е законита согласно член 90 од Законот за заштита на лични податоци.

    Покрај тоа, на влезот на службените простории има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на личните податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот, контакт информации за Офицерот за заштита на личните податои, како и за начинот на кој може да се добијат дополнителни информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од видеонадзорот.

    Кој може да ги види моите лични податоци?

    До видеозаписите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор во строго пропишана интерна постапка. Пристапот до видеозаписите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците. До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје.

    Како да ги остварите вашите права како субјекти на лични податоци?

    Секој субјект на лични податоци има право да поднесе Барање за остварување на правата согласно Законот за заштита на лични податоци.

    На секое целосно и соодветно поднесено Барање, ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје ќе одговори откако ќе го потврди идентитетот на Барателот и ќе ги има сите неопходни информации да го процесуира барањето, но не подолго од 30 дена од денот на поднесувањето (освен во исклучителни посложени ситуации за што дополнително Барателот ќе биде известен).

    Барањето за остварување права на субјект на лични податоци можете да го поднесете на адреса ул. Гиго Михајловски бр. 3/2-2, Скопје – Карпош, со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или Барањето, да го испратите електронски, на е-адресата ozlp@zia.mk. Дополнително, Барањето може да го поднесете и телефонски преку пријава директно до Офицерот за заштита на лични податоци на 075/467-761, или во Контакт центарот на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ на 077/864-186, при што ќе се верификува Вашиот идентитет и Барањето ќе биде препратено до Офицерот за заштита на лични податоци.

    Можам ли да пристапам до моите податоци?

    Да, вие имате право на пристап односно право да добиете потврда дали ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје ги обработува вашите лични податоци преку системот на видеонадзор.

    Можам ли да ги менувам моите податоци?

    Не е возможно ниту дозволено изменување на видео запис од видеонадзорот.

    Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

    Вие имате право да побарате ограничување на обработката на Вашите лични податоци во секое време на начин опишан во точка бр.6, во случај да ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, или кога на Контроролот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротиставувате на бришење на податоците. Блокирањето и ограничувањето на личните податоци не е можно во случај на службена истрага.

    Дали можам да ги избришам моите податоци?

    Вие имате право да побарате бришење на Вашите лични податоци во секое време со испраќање на Барање на начин опишан под точка бр. 6 погоре, кога обработката е незаконска.

    Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

    Вашите лични податоци, односно снимките од видеонадзорот, се чуваат од страна на Контролорот и истите не се споделуваат на други физички/приватни лица, освен ако не дадете изречна Ваша согласност.

    Личните податоци обработени преку системот за видео надзор може да се споделат на надлежните државни органи за конкретен случај, доколку истите се потребни за извршување на работи во рамките на со закон утврдени надлежности на корисникот односно доколку тој корисник согласно закон е овластен да ги обработува конкретните лични податоци.

    Дали имам право на приговор?

    Да, имате право на приговор и да се спротиставите на обработката во било кое време со испраќање на Барање на начин опишан под прашање бр.6 погоре, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето.

    Што можам да направам во случај на проблем?

    Во случај на проблем, слободно можете да ја известите ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ со испраќање на е-пошта до ozlp@zia.mk и да побарате да превземеме некое дејствие. На секое целосно и соодветно поднесено Барање, ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје ќе одговори откако ќе го потврди идентитетот на Барателот и ќе ги има сите неопходни информации да го процесуира барањето, но не подолго од 30 дена од денот на поднесувањето (освен во исклучителни посложени ситуации за што дополнително Барателот ќе биде известен). Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци (www.azlp.mk).

    Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот на видеонадзор?

    Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје.

    Безбедност на личните податоци

    ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО СКОПЈЕ е посветена на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите лични податоци во контролирана околина со ограничен пристап.

    Колку долго се чуваат вашите лични податоци?

    Снимките направени при вршење на видео надзорот се чуваат до исполнување на целта за кои се врши видео надзорот но не подолго од 30 дена. По истекот на овој рок снимките автоматски се бришат од системот на видео надзор.

    Снимките од видео надзорот може да се чуваат подолг временски период ако чувањето е согласно закон во кој се содржани заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци, но не подолго од исполнувањето на целта. Исто така, снимките може да се чуваат подолг временски период кога тоа е потребно за остварување на легитимниот интерес на ЕЛ ДОРАДО 05 ДОО Скопје при водење на соодветни постапки согласно закон.

    Промена на политиката за приватност

    Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува согласно со нови законски прописи или промени во работењето на Ел Дорадо 05 ДОО.

    пОСЕТЕТЕ НЕ

    Store Image

    Сè уште не сте сигурни?

    Посетете нè во живо!

    Доколку сакате да го погледнете накитот одблиску пред да донесете одлука, ве очекуваме во нашите продавници. Нашиот тим е тука за вас – подготвен да ви помогне и да ви даде персонализиран совет при изборот.

    Градски Трговски Центар

    Skopje City Mall

    East Gate Mall

    Т.Ц. Лептокарија

    Capitol Mall

    Широк Сокак-Битола

    Со нетрпение ве очекуваме!

    Store Image