logo

Ја цениме вашата приватност.

Почитувани корисници, Нашата веб-страница користи колачиња со цел да ви овозможи најдобро можно корисничко искуство. Колачињата се мали текстуални датотеки што се зачувуваат на вашиот уред при посета на страницата и ни овозможуваат да го анализираме сообраќајот, да го прилагодиме содржајот и да обезбедиме основни функционалности на страницата.

Повеќе информации
    Доживотна гаранција на корозија
    Logo

    work & study

    ZIA е модерна компанија која се одликува со флексибилност, професионализам и динамична стратегија на развој. Од самото основање се позиционираше на пазарот како препознатлив бренд. Брзиот одговор на барањата на пазарот и професионалниот однос со потрошувачите ја дефинираше ZIA како компанија од доверба која активно се шири на пазарот.

    Со цел да ја задржиме лидерската позиција во малопродажбата и да останеме инспирирани и активно поврзани со своите потрошувачи и клиенти низ единственото искуство на пазарење нудиме исклучителни услови за вработување на млади кои сакаат да работат на скратено работно време, или работа по повик, повремено.

    Овој тип на работа вклучува:

    • Пакување и помош при продажба на продажните асистенти на продажните локации, најчесто втора смена (16.00-22.00)
    • Шифрирање на накит, магацински
    • Пакување на накит во кутии по потреба, магацински
    • Самостојна продажба, како продажен асистент, најчесто втора смена (16.00 – 22.00) – за оваа позиција мора да сте пријавени на половина работно време.

    Сите заинтересирани да ги пратат своите апликации/CV на следниот маил:vrabotuvame@zia.mk

    Со назнака во Subject ЗА WORK AND STUDY.
    Во меилот напишете ни дали аплицирате за повремена работа на повик, за скратено работно време, редовен ангажман или пак било кое од наведените ангажмани е во ред со вас.